Србин патувал низ Македонија, а за тоа што му се случило во Тетово објави на Фејсбук

Никола Петровиќ, Србин од Ниш на социјалните мрежи сподели што му се случило во близина на Тетово.

Се започнало така што му се дупнала гумата на автомобилот, а тогаш на помош му застанале околу 10 луѓе, девет од нив биле од албанска националност.

„Искушенијата се составен дел од патувањето. Некој штраф ми ја скина гумата кај Тетово, а во недела не работат вулканизерите на патот.

Додека го извадив помошното тркало, 10 луѓе (од кои 9 Албанци) застанаа да ме прашаат дали ми треба помош.

Еден му се јави на својот познаник, вулканизер кој живее и работи во блиското село, кој седна во колата, ми го симна и го однесе тркалото, го врати и го монтираше по 15 минути.

Побара 10 евра за услугата, ама ако имам, и ме викна на кафе.

Сакам да верувам дека некој со тетовски таблички што се нашол во неволја некаде во близина на Ниш ќе се помине како јас денес“, стои во неговата објава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде