Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во Врачар. Ученик од седмо одделение е застрелан на час, убиен е чувар, а неколку деца се повредени, потврдено е за Бе92.нет.
Момчето кое пукало е уапсено.
Ученикот, момче на 14 годишна возраст пукало во ОУ „Владислав Рибникар“. Од полицијата велат дека сѐ се случило на час, кога момчето извадило пиштол и почнало да пука. Тој испукал неколку истрели.
Загина чувар, а не се знае точниот број на повредени ученици. Сè траело неколку минути, велат од полицијата.
Според неофицијални информации, едно момче и едно девојче се пренесени во Ургентниот центар. Некои медиуми наведуваат и дека меѓу децата има мртви, но оваа информација не е потврдена, како и тоа дека неколку ученици биле пренесени на Детската клиника.
На терен се три екипи на Брза помош и голем број полицајци. На местото на настанот излезе и министерката за здравство на Србија, која според снимките од камерата на ТВ Прва, видно е потресена.