Сомнежи околу процедурите при избор на нов ректор на најстариот универзитет?! Дали навистина постојат привилегирани и непривилегирани кандидати?

На 3 април 2023 година беше објавен јавниот оглас за избор на ректор на Универзитетот за мандатниот период 2023-2026 год., но како што се приближува крајниот рок за поднесување на документите, така се отвораат прашања како резултат на нејаснотиите во огласот лошо подготвената процедура. На 26 април 2023 година, три недели по објавувањето на огласот Универзитетската изборна комисија на интернет страницата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје го објавиjа Роковникот за избор на ректор на Универзитетот.

Дел од универзитетската фела реагира на процедурите и постапките кои се спроведуваат при избор на нов ректор. Реакцијата која стигна до нашата редакција ја обjавуваме во целост.

Објавувањето на Роковникот доцни, а причините може да бидат различни и создаваат сомневање во постапката. “Роковникот требаше да се објави пред почетокот на целата постапка. Се наметнуваат две прашања. Прво, како може од правен аспект објавениот Роковник, да носи деловоднички број и датум од 25 април 2023 година, а да предвидува објавување на огласот за ректор на 3 април 2023 година. Претседател на комисијата е профeсор токму од Правниот факултет. Може ли правно да се носат документи што ќе регулираат одредена материја ретроактивно? 

Второ, Универзитетската изборна комисија на 27 април 2023 година донесе и Упатство за постапката за избор на ректор, кое што не ги содржи основните елементи кои што ги гарантираат елементарните етички норми при конкурирањето. Меѓу другото, секој кандидат подготвува своја програма со која што треба да се претстави пред универзитетската јавност, а истата треба да ја поднесе во печатена верзија и задолжително  во електронска верзија најдоцна до 2 мај 2023 година. Зошто електронска верзија ако се доставува во печатена форма во архива? Најчудното е тоа што програмите треба да се достават до 2 мај, а според Роковникот ќе бидат објавени дури на 10 мај. Дали некому му се потребни 8 дена да ги проучува и анализира? Во транспарентна процедура која што не треба да остави ниту најмало сомневање за било што, најкоректно би било до Универзитетската изборна комисија програмите да се доставуваат во запечатена форма и да се отворат и објават во присуство на сите кандидати.

Уште повеќе, во ситуација кога ниту изборната комисија, ниту тој што го објавил огласот не предвидел како треба да е напишана програмата, кој треба да биде нејзиниот опфат, број на страници и сл., значи дека содржината на програмата не може да биде предмет на евалуација од страна на Комисијата при поднесување на документите. Ова не е случајно, затоа што изминатиот месец се покажа дека има привилегирани кандидати кои од напред го знаеjа точно денот на изборот и пред објавувањето на роковникот, а непривилегираните останаа во информативен мрак. Се наметнува прашањето каков механизам има Комисијата, истите тие привилегирани да не ги дознаат програмите на непривилегираните во времето од нивното доставување до нивното објавување? Одговорот на овие прашања комисијата е должна да ги даде на академската јавност, на кандидатите за ректор и на гласачите, велат нашите извори.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде