Солза Грчева со два предлога до власта како да заштедат: Избркајте ги сите што земаат плати, а не одат на работа и преполовете ги патните трошоци на пратениците

Државните институции со конкретни мерки започнаа со заштеда на струја, кои подразбират намалување на сметките за електрична енергија за 15 отсто.

За граѓаните и компаниите се предвидени препораки за заштеда на струја, но за државните институции има конкретни задолженија кои ќе мора да се исполнат, за да нема санкции.

„Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат, согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите“, изјави неодамна Бектеши.

Меѓу мерките што се планирани за државните институции се и исклучувањето на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснењето сијалици кога има доволно дневна светлина,

во сезона на ладење климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата,

редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се принтаат само потребните материјали и да се спроведат мерки за енергетска ефикасност.

Лидерката на Глас за Македонија, Солза Грчева и даде на владата два предлога како да заштедат во овие кризни времиња:

Еве им два најочигледни предлози за штедење, кои нема да им се бендисаат:

Прво, да се избркаат веднаш илјадници вработени во администрацијата, кои земаат плати, а НЕ ОДАТ на работа!

Јас би ги натерала и да ги враќаат на рати парите кои ги добиваат со години за седење дома. Тоа е чист поткуп на гласачи.

Второ, патните трошоци на пратениците кои не се од ИЕ1, а кои се баснословни (како да доаѓаат со авион од Мексико) да се намалат барем за 50%. И тоа им е многу, напиша Грчева на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде