





На 21.12.2022 во 21.35 часот во СВР Тетово, К.С.(45) од с.Пршовце, тетовско, пријавил дека околу 14.30 часот пред основно училиште во с.Пршовце, мотоцикл со непознати регистарски ознаки поминал преку стапалото на неговиот малолетен син и го напуштил местото.




Притоа, малолетникот се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Клиничката болница Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.




Слична содржина
Тешка сообраќајна несреќа: 21-годишник прегазил жена




Вчераво 15.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Битола, патничко возило „опел вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(21) од с.Беранци, Општина Могила, удрило во В.Л.(65) од Битола.




Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Л., констатирани во Клиничката болница во Битола.




Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.



