





Поранешниот македонски премиер Зоран Заев побарал од министерката за надворешни работи на Koсово,




Доника Гервала да го напушти неговиот кабинет откако таа на средбата рекла дека доколку Македонија не излезе од Отворениот Балкан, ќе си има работа со неа.




Според информациите, Заев, соочен со оваа необична ситуација, побарал од Гервала да го напушти кабинетот.




„Извинете госпоѓо, но ова викање е неподносливо во мојата канцеларија, од учтивост не можам да ве изнесам, инаку не можете да зборувате на овој начин и вака“, изјавил Заев.




После тоа Гервала ја напуштила канцеларијата




Текстот за тој случај претходно вчера го објавија повее албански портали без притоа да прецизираат кога точно се случило.




Слична содржина
Утрово се огласи Зоран Заев – им честита на граѓаните на Бугарија




Според излезната анкета на агенцијата Галуп, ГЕРБ-СДС добила 24,6 отсто од гласовите на бугарскиот електорат, јавува дописникот на МИА од Софија.




Втори се „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Василев со резултат од 18,9 отсто од гласовите.




На третото место е Движењето за права и слободи, тие добиваат 14,8 отсто. На четврта позиција е БСП со 10,9 проценти. Националистичките „Преродба“ (10,1%),




„Демократска Бугарија“ (7,4%) и „Има таков народ“ (4,6%) и партијата на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев „Бугарски подем“ (4,0%).
Под прагот за влез во новото Народно собрание на Бугарија остануваат „Исправи се Бугарија“ (1,2 отсто) и ВМРО (0,9 отсто).
Со „не поддржувам никого“ гласале 3,3 отсто од гласачите.
По тој повод на Фејсбук се огласи и поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев.
„Честитки на сите граѓани на Бугарија за успешните избори.
Честитки на ГЕРБ и на мојот добар пријател Боико Борисов за победата и освоената најголема доверба од бугарскиот народ.
Посакувам успешни разговори за составување на новата влада која ќе донесе стабилност на нашиот источен сосед и просперитет на Бугарија.
Стабилноста на Бугарија и просперитетот на бугарскиот народ е добра за македонскиот народ како и за граѓаните на целиот Балкан“, напиша Заев на Фејсбук.