Славчо Поповски со вонредна временска прогноза: Во Македонија следува метереолошки феномен!

Во следниот период, вклучувајќи ја и новогодишната ноќ, како и првата седмица од новата 2023 година ќе продолжи стабилното,

суво и сончево време и тоа особено на повисоките места и на планините. Повремено ќе има појава на умерена облачност а ќе биде и тивко.

По одделни котлини и речни долини, вклучувајќи ја и Скопската котлина, како и котлините кој се наоѓаат Долж Повардарието

ќе има појава на ГУСТА МАГЛА и на ниска облачност, со што и воздухот ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ЗАГАДЕН.

Температурите наутро ќе се спуштаат до околу, па и под нулата, додека максималните дневни ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ и тоа особено за време на викендот и следната седмица, и особено на повисоките и планинските места.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до дури 17 степени.

НАПОМЕНА: Во местата со магла и ниска облачност, вклучувајќи ја и Скопската котлина температурата ќе биде ПОНИСКА, а воздухот во Скопје и понатаму ќе биде МНОГУ ЗАГАДЕН.

Максималната температура во Скопје во следниот период ќе биде релативно пониска за разлика од повисоките и планинските места и ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 9 степени.

Наутро пак истата ќе се спушта за неколку степени под нулата.

ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: Во следниот период во Македонија ќе го имаме феноменот “Температурна Инверзија”, овој феномен придонесува во повисоките и планинските места да биде потопло, а во низините и котлините постудено.

Извор: Метео аларм/ Славчо Поповски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде