Славчо Поповски со најнова временска прогноза: Големо расчистување на воздухот и снег во Македонија – еве кога

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалат.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалат и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 11 Целзиусови степени, Маврово 10, Охрид 9, Битола 8, Крива Паланка и Берово 10, Кавадарци 11, Дојран 16.

Утре по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, а во останатите подрачја сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 6 до 14 степени, велат од УХМР.

Во продолжение и најновата временска прогноза на Славчо Поповски објавена на Метео аларм.

Бадник и Божиќ ќе ги поминеме во знакот на стабилно, суво и НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО време, додека постудено и со појава на магла и на ниска облачност и понатаму ќе биде по котлините.

Промена на времето која КОНЕЧНО ќе донесе ветер, расчистување на воздухот, но и врнежи од дожд и снег на планините ќе има во понеделник и во вторник. 

Особено ветровито ќе биде во вторник кога ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец и истиот ќе услови ГОЛЕМО РАСЧИТУВАЊЕ на воздухот низ котлините во Македонија, вклучувајќи ја и Скопската котлина.

Снежната граница во вторник доцна попладне и навечер понекаде може да се спушти и под 1000 м.н.в, а на планините ќе се формира снежна покривка.

Температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде