Претстојното лето во Македонија барем според најновите метео анализи нема да донесе некоја екстремна топлина и екстремно топли Африкански бранови.
Напротив, температурите ќе бидат пониски за разлика од изминатото лето кога имавме чести и екстремно топли Африкански бранови и истите се задржуваа кај нас многу долго.
Оваа година во текот на летните месеци ќе има почести врнежи и циклонски активности. Очекуваме чести поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер, а можни се и локални поројни ПОПЛАВИ.
Исто така во Македонија ова лето очекуваме и почести невремиња со појава на град и на силни електрични празнења (громови).
Можни се и штети поради временските непогоди кои се очекуваат. Температурите во најтоплите централни и југоисточни предели не би требало да надминуваат 40 степени, и ваквите температури ќе бидат поретки оваа година.
Во останатите предели од државава ќе биде посвежо.
НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за долгорочно анализирање на времето, промени во оваа анлиза се можни.
Граѓаните најдобро е да ги следат нашите пократкорочни метео анализи и истите се далеку попрецизни.
Летото кое е пред нас и кое ќе биде со пониски температури од изминатото лето се должи на ладењето на Атмосферата во Европа.
Истото е поврзано со глобалното затоплување и топењето на мразот на Антарктикот, топењето на мразот на Антарктикот ја лади и ги намалува температурите во Европа и на Балканот.
Извор: Славчо Попоски/Метео аларм