





Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Сечуан во западна Кина, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).




Земјотресот бил на длабочина од 80 километри, јави ЕМСЦ, пренесува Ројтерс.




Засега нема извештаи за штети или евентуални жртви, наведува британската агенција.




Да потсетиме, во текот на вчерашниот ден силен земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтеровата скала го потресе западниот дел на Панама.




Раздвижувањето на земјата е почувствувано во Херера, Бокас дел Торо, Верагуас и западна Панама, објави преку Твитер панамската Национална агенција за цивилна заштита.




Американскиот геолошки институт соопшти дека епицдентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри, на оддалеченост 62 километри од брегот на Тихиот Океан.




Засега нема информации за предизвикани штети.