Што се случува?! Скопје станува cтрашно – второ исчезнување во последните 24 часа!

17-годишна скопјанка е пријавена за исчезната. 

На 19.10.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.С.(46) пријавила дека, по претходна семејна расправија, од дома се оддалечила нејзината ќерка А.М.К.(17), соопштија од МВР. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

Ова е веќе второ исчезнување во Скопје во последните 24 часа.

Завчера околу пладне исчезнал 30-годишниот скопјанец Стефан Боневски, а случајот во полиција го пријавила неговата сопруга, соопшти МВР.

„На 18.10.2022 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Б. (27) од Скопје пријавила дека од дома се оддалечил нејзиниот сопруг С.Б. (30) од Скопје“, се вели во полицискиот билтен.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на Стефан, а од семејството ги замолуваат сите кои имаат информации околу него, да помогнат тој да биде најден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде