ШОКАНТНO: Укинат притворот на еден од двајцата обвинети за у6иството на Стефан Филиќ

Митро Пандуревиќ (23), еден од двајцата обвинети за тешкото убиство на Стефан Филиќ (18) од Велика Плана,

по речиси три години мерката притвор е преиначена во куќен притвор со електронско следење, дознава „Новости“.рс

Новото судење за у6иството на осумнаесетгодишното момче пред Вишиот суд во Смедерево, инаку, е затворено за јавноста.

Апелациониот суд во Белград ја поништи првостепената пресуда на Вишиот суд во Смедерево, со која Пандуревиќ и Никола Бојовиќ (23) беа осудени на 15, односно 18 години затвор за тешкото у6иство на Филиќ. Случајот е вратен на ново судење.

-Советот на Апелациониот суд ја оправда својата одлука со тоа што од настанот поминале три години, а куќниот притвор може да обезбеди присуство на обвинетите и непречено водење на кривичната постапка – стои во одговорот на Вишиот суд во Смедерево.

Инаку, поради инцидентот пред судницата, по прелиминарното рочиште јавноста беше исклучена од судењето.

– Судечкиот совет на овој суд, заради заштита на јавниот ред и мир, донесе одлука за исклучување на дел од јавноста од главниот претрес, со оглед на тоа што во судскиот ходник имаше инцидент со напад врз обвинетиот Никола Бојовиќ,

кој бил погоден од непознато лице со запалка или метален предмет – вели претседателката на Вишиот суд во Смедерево, Слаѓана Бојковиќ.

Во текот на претходната постапка имаше голем интерес за овој судски процес кој дотогаш помина без ниту еден инцидент.

Обвинителството ги обвинува Бојовиќ и Пандуревиќ дека на 02.02.2020 година во Велика Плана, пред дискотека, со непромислено и насилничко однесување го убија Стефан Филиќ,

нанесувајќи му неколку удари со рацете, а додека лежел неподвижен, Бојовиќ наводно со нозете го удирал во главата.

На се’ претходела безопасна кавга. Поради тежината на повредите, Стефан еден ден подоцна починал во Ургентниот центар во Белград.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде