Шокантно: Ученик носи нож и малтретира ученици во Аеродром, предупредуваат загрижени родители

По масакрот во Белград во кој 14-годишно монче со пиштол уби 7 ученици и обезбедувач во школото,

а рани 6 други луѓе,  загрижени родители од ОУ ,,Браќа Миладиновци” во Аеродром алармираат дека ученик од ова училиште носел нож и им се заканувал на соучениците.

Во нивното писмо испратено до редакцијата на „Прес24.мк“ се вели дека реагирале до надлежните институции, но засега немало никаков одговор.

-Станува збор за ученик кој носеше нож во училиште и се закануваше на децата дека ќе ги убие. Неколку дена подоцна давеше дете.

Истиот ден на час претепа три деца, секојдневно продолжуваат тортурите. Исто така, детето нападна и наставник.

Директорката најави санкции, а првата беше присуство на часови од личност назначена од директорот, но тоа не се случи, се вели во писмото испратено до редакцијата на „Прес24.мк“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде