Шокантна снимка го потресе Балканот: Екипа на Брза помош не сакаше да им помогне на повредени во сообраќајка?

ДРАМАТИЧНИ видеа од тунелот Локва на автопатот Бераха-Рожај се шират на социјалните мрежи,

каде во четвртокот во 18 часот и 25 минути во верижен судар на два автомобили загина Сенад Калач (29) од Рожај, а две лица се тешко повредени. Видеата објавени на Фејсбук ја вознемири Црна Гора.

Имено, на социјалните мрежи се појавија видеа и информации дека повредениот им подлегнал на повредите како последица на оваа сообраќајна несреќа, а брзата помош не сакала да помогне?!

На снимките се слушаат и гледаат насобраните граѓани како инсистираат возачот на Брзата помош од Беран итно да го пренесе во болница лицето кое според нивните тврдења е повредено, а тие одбиваат да го сторат тоа.

Срам да ти е! Срам да ви е – повторува човекот неколку пати, обраќајќи му се на возачот на брзата помош.

Еве што се случува! Брзата помош не ги прифаќа повредените – вреска мажот, додека униформиран полицаец го смирува…

Срам да ти е, и…и еден! Човек умира… Отворете ја вратата – вика човекот упатувајќи нова пцост кон возачот на комбето на Брзата помош.

Веднаш по првите објави на социјалните мрежи се огласи и директорот на Заводот за итна медицинска помош Вук Никовиќ. Тој рече дека „во несреќата во тунелот Локве учествувале три лица, а едно починало на лице место.

-Колешка од Итната помош во Беран констатирала cмрт на местото на несреќата. Докторот дури направил и ЕКГ за да добие дополнителна потврда дека еден од учесниците во сообраќајот починал.

Таа нареди две лица со тешки повреди да се пренесат во болницата во Беран – изјави Никовиќ.

Посочи дека тогаш имало притисок од насобраните врз Итната помош и полицијата да се пренесе во болница лице кое е констатирано дека е починато, што, напоменува, не е пракса.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде