ШОК ВО МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Борко Ристовски суспендиран ЧЕТИРИ години!

Поранешниот македонски репрезентативец Борко Ристовски кој денес брани за РК Вардар доби суспензија од четири години од Македонскиот Олимписки Комитет поради навреди кон првиот чвоек Даниел Димевски.

МОК го казнил Ристовски со четиригодишна суспензија откако во март бил пријавен од Димевски дека во телевизиска емисија ширел лаги и невистини.

Казната е поради прекршување на имиџот и статутот на олимпиското движење, па така Борко доби забрана за вршење дејност спорт во траење од четири години.

На оваа одлука Ристовски има право на жалба од осум дена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде