Шилегов со жеcтока реакција за Џамбаски:  Никогаш, ама баш никогаш во мојот живот, не се обидувам на глупавиот да му докажам дека е глуп

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски жестоко реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека не го познавал кој е тој и дека македонизмот секогаш ќе го има.

Во видео обраќање Џамбаски му порача на Ковачевски дека не е важно што тој не го знае бугарскиот пратеник затоа што тој и неговите сопартијци од ВМРО знаеле кој е тој и од какво семејство потекнува премиерот.

– Ако добро се сеќавам, Ковачевски ги носеше кафињата додека траеја средбите на бившите премиери Бојко Борисов и Зоран Заев.

Носеше папки, работеше некои бирократски работи, нешто како машка секретарка. Тоа е задачата на сите исполнувачи на туѓа волја. Тој е само фасада, тој ја исполнува волјата на Белград и на Кремљ.

Димитар Ковачевски тврди дека македонизмот бил изворен, но тој е антибугарска, нацистичка, фашистичка и болшевичка иделогија која има задача да ја искорени бугарската традиција, култура и историја во Македонија. Тоа е фалш идентитет кој е антибугарски – рече Џамбаски.

По ова со реакција се огласи и поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов:

Шилегов напиша дека луѓе го прашувале зошто досега на реагирал на изјавите на Џамбаски.

Имало некој си бугарски европратеник Џамбаски (велат бил он нивното ВМРО, ко демек се различни …) Ме прашуваат, зошто не сум реагирал на неговите изјави ?

Им велам, никогаш, ама баш никогаш во мојот живот (за било кое прашање), не се обидувам на глупавиот да му докажам дека е глуп. Џабе ќе се трудам…, пишува Шилегов на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде