Вчера околу пладне исчезнал 30-годишниот скопјанец Стефан Боневски, а случајот во полиција го пријавила неговата сопруга, соопшти МВР.




„На 18.10.2022 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Б. (27) од Скопје пријавила дека од дома се оддалечил нејзиниот сопруг С.Б. (30) од Скопје“, се вели во полицискиот билтен.




Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на Стефан, а од семејството ги замолуваат сите кои имаат информации околу него, да помогнат тој да биде најден.





Слична содржина
Тешка сообраќајна несреќа – осум лица итно пренесени во болница




Во несреќата учествувале три патнички возила, сите три со скопски регистарски ознаки. Со повреди се здобиле тројцата возачи и нивните сопатници,




но со тешки телесни повреди се здобил еден од малолетните сопатници во едно од возилата. Од МВР со детали за случајот:




-На 04.10.2022 во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“,




управувано од М.Б.(25) од Скопје, патничко возило „опел“, управувано од И.Ш.(52) од Скопје и патничко возило „мерцедес“, управувано од И.А.(34) од с.Љуботен, скопско, сите три со скопски регистарски ознаки.




Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген“, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи,




сопатниците од возилото „опел“, Ј.Ш.(49) и Б.Ѓ.(24), како и малолетен сопатник, сите од Скопје, како и сопатниците од возилото „мерцедес“, Н.Ш.(49) и малолетен сопатник, двајцата од Скопје,




констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“ – се вели во соопштението на МВР.



