Се појави видео: Татко на загинат припадник на ОВК не му дозволи на Ахмети да стави цвеќе на гробот на неговиот син

Денешниот ден, 2 мај, високите челници на ДУИ, партијата која произлезе од некогашната Ослободителна војска на Косово (ОВК), го прославија како ден на ослободување на Карадачкиот крај. Манифестацијата се одржа во Слупчане, каде насобраните им оддадоа почит на загинатите во конфликтот во 2001 година.

Забележително беше незадоволството на татко на починат борец од редовите на ОВК, кој не дозволи лидерот на ДУИ, Али Ахмети да положи цвеќе на гробот на неговиот син.

Ахмети минувајќи покрај гробовите, оставаше по едно цвеќе, но кога приближи до гробот на Али Махмути, таткото со рака го попречи Ахмети. Овој само помина и продолжи со цвеќето на следниот гроб.

Тој само со раката му даде знак да продолжи понатаму и дека не сака тука да стави цвеќе.

Таткото со тоа изрази незадоволство, како што пишува Лајм, објавувајќи го и видеото, од нерешавањето на статусот на борците и нивните семејства.  

Во кумановско Слупчане се одржа комеморативна церемонија на ОВК, а Али Ахмети положи цвеќе на гробовите на загинатите припадници.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде