





Се појавија шоканти фотографии и нови детали за ужасната трагедија која го потресе Балканот




ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА.




Сопственикот на трите кучиња кои вчера до cмрт го искасаа Владан Радосављевиќ е во затвор на издржување на казната, а куќата во која се чувале кучињата не е негова, туку на жена од Франција.




Кучињата кои по трагедијата ги презеде Зоолошка хигиена, ги згрижи сосед од Космај. Вишото јавно обвинителство покрена истрага, а дежурниот обвинител нареди обдукција.




Сопругата на Владан, Олга, која се обидела да го одбрани, има полесни физички повреди, каснувања по подлактицата, надлактицата, како и каснување по грбот. Таа е на Клиниката за инфективни болести во Белград.




Да потсетиме, како што вчера објави Курир.рс, Радосаваљевиќ престојувал во викендица со сопругата. Излегол на прошетка, а потоа го нападнале кучињата.




Успеал да ѝ се јави на сопругата која се упатила кон него, но кога пристигнала го пронашла осакатеното тело на Радосављевиќ и три крвави кучиња. Најмногу каснувања имал на нозете и гениталиите.




Кучињата – мешавина од Стафорд, Стафорд и питбул и трето куче излегло од дворот низ отворената капија, кои носеле ремчиња со ознаки на кои биле испишани телефонските броеви на сопственикот.



