Се огласи Тетовецот кој беше иcкасан од глутница кучиња – изјавата на градоначалникот ја нарече скандалозна!

Скандалозна е изјавата на градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами, дека јас сум ги испровоцирал кучињата скитници кои ме нападнаа, реагира тетовецот Агрон Арифи.

Тој смета дека Касами го релативизира проблемот, наместо да го реши. Ако сака да се увери во каков ризик живееме, граѓани ми испратија уште две снимки, како се нападнати од бездомните животни.

,,Ние како жителите што живееме во ова маало кај Основното училиште ,,Истигбал” неколку ноќи сме се обидувале да се тргнат кучињата од оваа населба, но тие пак се враќаат тука.

Јас сум екстремно револтиран од пресот на градоначалникот Касами, кој вели дека е свесен за проблемот, но тоа што е во негова надлежност,

а не презема мерки сега се труди да го релативизира, кажувајќи дека мојата реакција е тенденциозна, дека снимката е лажна и дека јас сум ги провоцирал кучињата.

Тоа е скандалозна изјава од градоначалникот. За да се увери во каков ризик живееме, имам и уште две снимки кои ми ги пратиле граѓаните, и нека види како ние се тероризираме од кучињата” вели Арифи.

Не е точно дека не сум ги пријавувал настаните, кога сум бил напаѓан од кучиња скитници, вели Арифи

,,Тој на пресот кажа дека во ниедна институција не сум ги пријавувал настаните. Тоа не е вистина, секогаш сум ги пријавувал настаните.

Случајот е пријавен кај општинските власти и бев кај инспекторите да ги прашам дали се решава проблемот со кучињата скитници, оти им кажав дека тие се секој ден се поагресивни.

Инспекцијата ми одговори дека не можат да ми помогнат и дека немаат комуникација со Општина Тетово.

Но ова не е мој личен проблем. Јас и како како член на одборот на училиштето ,,Истигбал”, побарав директорот на училиштето да се обрати до комуналните власти, да преземат мерки кучињата да ги тргнат од училиштето” изјави Арифи.

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде