





ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА




Maрко, момчето за кое цела Македонија се обедини да собере доволно финансиси средства се огласи преку социјални мрежи со силна порака.




Марко потврди дека се собрача почетната сума за првите шест месеци и се надева дека ќе има подобрување.




Би сакал да ве известам дека конечно почнав со потребната терапија, во Франција.




Ви благодарам на сите вас кои одвоивте време и средства за да бидам чекор поблиску до лекот.




Се собра почетната сума, за првите 6 месеци и се надевам дека ќе има подобрување по првите неколку третмани.




Многу ми значат вашите пораки за поддршка, благодарен сум ви за секоја одвоена секунда за да донирате.




Имам прекрасни пријатели и родители со чија помош успевам да верувам дека на крајот од денот се ќе биде добро.




Затоа што нема лоши денови. Само онакви кои потешко се поднесуваат. Спремен сум да извојувам победа.



