





Медари, измамници, тендер коалиции- со ваква реторика ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска си ја префрлаат вината за случувањата во ЈСП.




Од СДСМ со двојна критика- целиот хаос со финансиите во јавното претпријатије велат е резултат на недомаќинско работење и на Арсовска и на ВМРО-ДПМНЕ.




Од друга страна и ВМРО-ДПМНЕ, партијата која застана зад нејзината кандидатура лани во октомври побара да си поднесе оставка.




Според нив постои “тендер-коалиција” со СДСМ на штета на вработените во ЈСП и граѓаните на Скопје кои останаа без превоз.




По сите случувања во Град Скопје се огласи и поранешниот потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев.




„Ретко искажувам дневно- политички ставови, ама дечки дај стварно тргнете ја некако Данела, не знам како, иако знам како.




Ова е таква брука секојдневно што ја гледаме и барем ова не мора да го трпиме, кога веќе сме одлучиле да трпиме ваков франкенштајнски град.




Обесчестен град, град кој скапува и град кој нема никогаш да си го врати својот идентитет, ниту веројатно ќе изгради нов.




Стајте или некој со чизми што ќе биде градски хаус мајстор (и со тоа сум дури ок после данела) или некој што има некаков план (визија е претежок збор за било кој на повидок).




Ова со Данела е срам за сите нас. Ете уште една прилика, покрај многуте, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се обединат:), напиша поранешниот потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев.