РКЕ донесе одлука: Ова се новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на одлуката од 8.2.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек:

кај бензините за 2,388%, кај дизелот за 0,749%, кај екстра лесното масло за 0,883% и кај мазутот зголемувања за 1,191%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,944%

Со најновата одлука на РКЕ, бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар,.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81,5 денари за литар,

ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 83,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 75 денари за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денари за килограм и ќе изнесува 42,197 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,388 отсто,

кај дизелот за 0,749 и кај екстра лесното масло за 0,883 отсто, додека кај мазутот има зголемувања за 1,191 отсто.

Курсот, пак, на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,944 отсто.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде