





По завршувањето на средното образование, Марко од Босна, како и повеќето негови врсници, заминал во Германија да заработи нешто повеќе.




Неговите очекувања биле големи, но брзо доживеал разочарување. Сега Марко е свесен дека Германија не е неговата земја од соништата, туку неговата татковина Босна и Херцеговина.




Во разговор со медиумите тој зборува дека во Германија работел многу повеќе отколку во Босна.




Раскажа дека живеел од плата до плата, односно работел од понеделник до петок. Кога доаѓа од работа, се тушира и си легнува, а потоа се буди наутро и така секој ден.




Петок вечер, како и сабота вечер излегувал, во недела одмара и се подготвувал за работа.




Тој бил во Минхен половина година и не бил задоволен од животот кој го имал.




Единствената добра работа во Германија според него е што сите го сметале за сериозен на 20 години, но со задоволство се вратил во БиХ, каде што има татко и дедо кои ќе му помогнат.




Му недостасувало пиењето кафе со пријателите и прошетката со кучињата.