Прво киднaпиpaле двајца тинејџери, па потоа ги тепале – ДРАМА како на филм среде пладне се случувала во Штип

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА

Прво киднaпиpaле двајца тинејџери, па потоа ги тепале – ДРАМА како на филм среде пладне се случувала во Штип

Во средата, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода О.У.(24), Б.У.(28), Ф.Ш.(20) и 17-годишен малолетник, сите од Штип.

Тие се сомничат дека во вторникот, околу 17.30 часот со употреба на сила внеле 17-годишен малолетник од Штип во патничко моторно возило „сеат“,

по што во близина на место викано „Мирјанина Црква“ во Штип физички го нападнале, при што употребиле и тврд предмет.

Исто така, тие се сомничат дека во текот на денот со употреба на сила го внеле и М.Ј.(19) од Штип во возило „сеат толедо“,

а подоцна во с.Шашаварлија, штипско, физички го нападнале и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде