





ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Силното невреме предизвика големи поплави во делови на Австралија




ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА.




Австралискиот премиер Ентони Албанес вчера изјави дека неговата Влада е подготвена да обезбеди помош за жителите на државата Западна Австралија погодени од рекордни поплави.




Тропскиот циклон Ели донесе силен дожд во западниот дел на континентот.




Најтешко погоден е Фицрој Кросинг, град со 1.300 жители, каде што намирници беа доставени со хеликоптери поради надојдената вода.




– Овие поплави имаат разурнувачки ефект врз многу од заедниците кои живеат овде и тешко ќе се справат со ова, а нема доволно ресурси Мојата влада е достапна, подготвена да обезбеди каква било помош, изјави Албанес.




Според информациите од државните служби на Западна Австралија, Националните одбранбени сили им помагаат на жителите погодени од поплавите и користат хеликоптери за нивна евакуација.




Вонредната состојба во северозападниот дел на земјата уследи по честите поплави во источниот дел на Австралија во изминатите две години. /МИА



