При апсењето убиецот кажал страшни зборови. Објавено и видео од апсењето

Момчето (14) кое го изврши злосторството во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар е уапсено во училишниот двор.

Го извадиле со лисици и јакна преку глава, така што лицето му било покриено.

Како што пренесува Курир.рс, тој не дал отпор при приведувањето.

Според неофицијални информации, полициските службеници му рекле да го спушти оружјето, да ги стави рацете на главата и да легне на подот. Тоа го направил без отпор.

Тој, наводно, тогаш кажал:

„Пукав затоа што сум психопат“.

Како што дознава Курир.рс од учениците на лице место, момчето се сметало за мирно и било одличен ученик.

Да потсетиме, загинаа осум ученици и еден портир, а ранети се шест деца и еден наставник.

Извор: Курир.рс Видео ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде