Познато кога ќе падне првиот снег во Македонија

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло, наутро со слаба магла по одделни котлини, а преку денот значитечно потопло на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе достигне од 20 до 27 степени Целзиусови, соопшти УХМР.

Во Скопје наутро во делови од котлината магливо, а преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 24 степени Целзиусови.

Во наредните денови ќе се задржи претежно сончево и топло за овој дел од годината. До вторник значително потопло ќе биде на планините.

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла и таму температурата преку денот ќе биде за неколку степени пониска.

Според првичните прогнози во Скопје првиот снег би можел да падне на 3-ти декември кога температурите се очекува денски да се спуштат на 4-5 степени, а навечер и до – 4.

Првиот снег воопшто во Македонија неодамна падна на Шар Планина, но метеоролозите засега најавуваат невообичаено топло време кон крајот на октомври и ноември. За среда се најавуваат температури и до 28 степени.

Неодамна синоптичарите излегоа и со долгорочна прогноза за зимава за Балканскиот полустров, при што најавуваат повеќе дождови и невремиња.

Синоптичарите велат дека постојат индикации дека општите бури често ќе ја зафатат јужна Европа оваа зима.

Локациите низ Португалија, Шпанија, јужна Франција, Италија и на Балканот имаат почести врнежи од дожд и ветер отколку другите делови на континентот.

Ова може да значи зголемен ризик од обилни врнежи, особено во југоисточна Франција, северо-централна Италија и западен Балкан, каде што припаѓа и Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде