









Познато дали во недела ќе ги менуваме стрелките на часовникот – Целиот текст прочитајте го после рекламата.




Нема да има промени во сметањето на времето, односно ноќта меѓу 29 и 30 октомври граѓаните во земјава повторно ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците за еден час наназад, објави „360 степени“.




„Нема промена во системот на сметање на времето“, одговориле од Владата за „360 степени“, а деталите ќе бидат споделени во соопштение по владина седница




Можноста за задржување на летното сметање на времето од „Илинденска“ бр. 2 дојде на почетокот на месецов,




а задача од Владата да ја разгледа ваквата можност и да ги подготви потребни анализи и документи доби Министерството за економија.




Анализите, како што беше најавено од министерот за економија Крешник Бектеши, требаше да бидат готови пред две недели, но тоа не се случи.




Министерството за економија правеше анализа за промена на системот за сметање на времето по препорака на Владата.




Владата анализираше дали Македонија би можела да биде меѓу првите држави во Европа која ќе остане на летното сметање на времето, за тоа да помогне да се заштеди електрична енергија.




Доколку останевме на летното сметање на времето би се стемнувало еден час подоцна, односно работниот ден со природна светлина би бил за 60 минути подолг.



