Познатиот македонски пејач остана без возачката дозвола

Новогодишната ноќ помина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир.

Им благодарам на сите граѓани кои прославуваа одговорно и придонесоа новогодишната ноќ да мине онака како што апелиравме и посакувавме,

изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на првиот ден од 2023 година, при посетата на Мобилната единица за безбедност на сообраќај на патиштата во Петровец.

Тој посочи дека во споредба со минатата новогодишна ноќ, во ноќта што измина имало помалку 30 проценти пријавени настани.

Во текот на ноќта, имаме вкупно 10 кривични дела, од кои четири се тешки кражби, една во обид. Имаме две насилства и две неовластени производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Две кражби, од кои една, исто така, е во обид. Имаме регистрирани прекршоци од Законот за јавен ред и мир, вкупно 15.

Имаме прекршоци од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, вкупно осум и има 16 сообраќајни несреќи и дополнителни пет други настани кои се пријавени.

Ако споредиме со минатата година, тоа е намалување 30 проценти на вкупно пријавени настани, истакна Спасовски.

Тој посочи дека најголем број настани биле пријавени во Скопје, потоа следи Охрид. Во другите градови има многу малку пријавени случаи, а во Велес нема ниту една пријава.

Популарниот македонски пејач, Ристе Ристески, на ден пред Новата година остана без својата возачка дозвола.

Пејачот на своето “стори” на Инстаграм во 2 часот по полноќ објави фотографија од полициски извештај во кој е наведено дека поради возење

во алкохолозирана состојба привремено му е одземена возачката дозвола и не смее да управува со своето возило марка “Порше”.

Неофицијално, ова не е прв пат пејачот да не ги почитува правилата и законите за безбедно патување на автопат, па поради тоа нема да биде во можност да го вози своето возило во наредните 3 месеци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде