Позитив на денот: Земјоделецот Митев за девет месеци заработил над два милиони евра

Конечно добри бизнис вести од производител на храна и тоа на раноградинарски производи, објави Фактор.

„Оранжерии Хамзали“ има повеќе од солидна година и добивка која надмина 2 милиони евра за девет месеци и е поголема за повеќе од пола милион евра од лани.

Резултатот е компилација од кратење на трошоци и раст на продажба

Струмичката компанија „Оранжерии Хамзали“ , на Васе Митев, има исклучително добра и успешна година. За првите девет месеци оваа компанија специјализирана за производство на раноградинарски производи под стакленици направи добивка од 2 милиони евра.

Тоа е за 29 отсто подобар резултат во споредба со истиот период лани и е многу пријатна вест во овие тешки и неизвесни услови на стопанисување.

Оваа струмичка компанија за првите девет месеци произвела и продала храна во вредност од 5,8 милиони евра што е за 9 отсто повеќе во однос на претходната година.

Од тоа на домашниот пазар завршиле домати, краставици, пиперки и други раноградински продукти во вредност од 4,7 милиони евра или 15 отсто повеќе од истиот период лани.

Од извоз компанијата инкасирала 1,1 милиони евра или 11 отсто помалку од лани.

Целиот текст на Фактор прочитајте го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде