Потврдена нова трагедија од Турција: Во земјотресот загинале две познати фудбалерки

Потврдена нова трагедија од Турција: Во земјотресот загинале две познати фудбалерки

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА.

Турскиот фудбалски сојуз потврди нова голема трагедија. Имено, фудбалерките Елиф Бера Узун и Бусе Чоскун загинаа во разорен земјотрес.

Со длабока тага дознавме дека Бусе Чоскун, членка на Бејкентспор, го загуби животот во земјотресот што ја потресе нашата земја. Бог да ја прости.

Сочувство до нејзиното ужалено семејство, пријателите и заедницата на Бејкентспор – соопшти турскиот фудбалски сојуз.

Медиумите објавија и за cмртта на Елиф Бере Узун, кој настапуваше за Демирспор.

– Нека завршат овие маки и никогаш повеќе да не се доживеат – додаваат од Фудбалскиот сојуз.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде