





На социјалните мрежи се појави шокантна снимка од соборување на дете на пешачки премин во Шабац.




Оваа несреќа се случила на 6 октомври на аголот од улиците Коста Абрашевиќ и Милош Обилиќ, а дури вчера во јавноста излезе видеото од овој настан.




Имено, на ова видео можете да видите жена со дете во раце и уште две мали момчиња, кои се на трицикли и преминуваат улица на пешаќки премин гледајќи за возила лево и десно.




Во моментот кога поминале на половина од пешачкиот премин, автомобилот удира во момчето на скутерот, по што застанува, пренесува порталот Шабаке вести.




Судејќи по видеото, момчето не се здобило со сериозни физички повреди бидејќи веднаш по падот станало.




Не се знае дали овој случај е пријавен во полиција, како и степенот на повредите со кои момчето се здобило во оваа незгода.
Еве што стои во описот на видеото кое е објавено на социјалните мрежи.




На видеото што го добивме може да се види како дете вози скутер и разгледува низ излозите. Потоа доаѓа уште едно дете, а после тоа мајка со трето дете во рацете, поточно семејство.




Мајка со дете во раце пред да помине на пешачки премин гледа лево-десно (можете да видите на видеото), а потоа децата ја следат мајката.




Во еден момент детето со трициклот забрзува и во тој момент доаѓа автомобил и го yдира детето. Потоа се подига, а мајката се движи физички да се пресмета со возачот.




После тоа, луѓето од околните дуќани пристапуваат да помогнат. Најверојатно очевидци подетално ќе објаснат што се случило на лице место. Локацијата на несреќата е аголот на Коста Абрашевиќ и Милош Обилиќ – стои во описот на видеото.




Извор и фото: Телеграф.рс