Последен поздрав. Масимо испратен на вечното почивалиште

Денес беше погребан Масимо Савиќ.

Во текот на изминатиот период од него се збогуваа неговото семејство, пријатели, соработници…денес сите тие го испратија на вечното почивалиште.

„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, нѐ напушти по кратка, но херојска борба.

Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност.

Ние ќе бидеме ваши девојки засекогаш, се збогуваа од него неговите ќерки.

Само пред неколку дена една од ќерките требаше да се венча. Но, ненадејната смрт на музичкиот великан ги промени плановите.

„Денеска ние тројцата требаше да застанеме вака прегрнати, но пред матично. Тато планираше да нѐ изненади со песна.

Ќе го поминам остатокот од мојот живот обидувајќи се да му простам на универзумот за оваа болка“.

Погледнете ги фотографиите од последното испраќање во Задар

Извор: Т-портал.хр

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде