Oд партијата на СДСМ денес се простуваат со Предраг Стојановски:




Нашиот драг пријател, другар и соборец, Предраг Стојановски, денес отпатува во вечноста.




Педо беше посветен сопруг и татко, голем спортист, вљубеник во културата и староградската песна, праведен и посветен социјалдемократ, синоним за СДСМ во Крива Паланка.




Заедно водевме многу битки. Победувавме и се радувавме, губевме и тагувавме.




За жал, денес Педо ја загуби последната, најважна битка.




СДСМ упатува најдлабоко сочувство до неговото семејство. Почивај во мир, другар Педо“, објавија од партијата.




Со Фејсбук статус посветен на Стојановски се огласи и Љупчо Николовски.




Поминавме многу моменти заедно. Денови кога бевме сами или со уште неколкумина во малата секретарска канцеларија или во некое село.




Беше ладно и време на страв кога тргнавме од нула за да ги менуваме работите и да ја враќаме довербата и градиме структура.




Одевме од село во село и ме запознаваше со сите што би можеле да ни се приклучат на нашата нова идеја и концепт. Успеавме да направиме организација и тим што е пример за другарство, грижа за секој, добри дела и голема љубов и локален патриотизам за развој и напредок како никогаш.




Педо работеше и живееше за оваа идеја со неговото што денес за жал застана засекогаш. Сите ние ќе го паметиме и ќе се навраќаме на моментите. Нека почива во спокој, нека му е светол патот и вечна славата!




