Полицајци останале шокирани кога влегле во домот на Тетовец – имал илегална кабелска, а еве што му пронашле дома

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.Т.(57) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на авторски права и сродни права”.

„Пријавениот, во текот на 2022 година преку компјутерски средства неовластено објавувал, прикажувал, дистрибуирал и емитувал, односно нудел услуги на корисници поврзани со пристап до програмски сервис,

спротивно на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги без да биде лиценциран оператор согласно член 56 од ЗАВМУ и без да е содржан во регистарот на даватели на такви услуги согласно член 57 од истиот закон.

На 05.03.2022, при претрес во објект, кој го користи како работилница, биле пронајдени две компјутерски куќишта со инсталирани апликации кои се користат за средување на листи од канали,

осум андроид 6оксови за реемитување на ТВ канали, тетратки со податоци на клиенти кои купувале канали и други предмети, меѓу кои пиштол марка TT и една рамка со осум кypшyми, 116 кypшyми калибар 7,62 мм, 15 ловни кypшyми калибаp 12мм, ловечка пушка „Damas Turc” калибаp 12мм и 30 кypшyми за ловечка пушка калибар 12мм“, велат од полицијата.

Слична содржина

Страотна сообраќајна несреќа – едно лице го загуби животот

СВР Скопје информира дека вчера во 09.41 часот било пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“,

управувано од Н.А.(30) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од З.З.(21) од с.Визбегово, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, од здобиените повреди на местото на несреќата починала сопатничката во возилото „опел корса“, А.Е.(79) од Скопје,

а cмpт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде