Во Белград ноќеска, во текот на новогодипната прослава потона познатиот сплав Фристајлер.




Притоа повредена е една довојка, на која помош и е укажана на самото место, додека две екипи на Итната помош веднаш се упатиле на местото на настанот, јавува Нова.рс.




Според српските медиуми, кога сплавот почнал да тоне, гостите во паника трчале надвор.




Кога последните гости бегале од сплавот, водата веќе им била речиси до колена, покажуваат снимките на кои се слушаат и пискотници.




Предниот дел од сплавот останал на површината, додека остатокот потонал под вода.




Сплавот Фристајлер се наоѓа на реката Сава во Белград, на устието на Сава во Дунав од страната на Нов Белград.
Се појави и видео на кое се гледа како водата влегува во сплавот.




Отпрвин не разбравме што се случува. Само што почна да се навалува, а потоа водата почна да навлегува нагоре. Беше морничаво, девојките околу мене почнаа да врескаат.




Знам дека една ја повреди ногата. Една по друга почнавме да истрчуваме – изјави една од девојките која беше на сплавот.




Како што изјави еден полицаец за Танјуг, сплавот почнал да тоне бидејќи на него имало многу повеќе луѓе отколку што всушност можел да собере.




Според полицијата нема повредени, освен што две девојки паднале при стампедото кое се случило додека гостите панично излегувале од сплавот.




Gosti potopili najpopularniji beogradski noćni klub Freestyler splav 😅 pic.twitter.com/wJPZKsN6dz
— Блажо Ђуровић 🇦🇷 (@DjurovicBlazo) January 1, 2023