Парчиња од стакло и пластика разлетани по улицата: Утрово сообраќајка помеѓу три возила во Скопје

Парчиња од стакло и пластика разлетани по улицата: Утрово сообраќајка помеѓу три возила во Скопје

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА.

Три автомобили се судрија во Влае, пред мостот „Влајко“. Несреќата се случи на раскрсницата, помеѓу возила марка „опел“, „шкода“ и „ауди“.

Поради силината на ударите, парчиња стакло се разлетани на улицата. Засега е познато само дека има материјална штета.

Возачот на „опелот“ е повозрасно лице, кое беше видно вознемирено од несреќата, а останатите му пружаа помош.

Засега нема информации за потешко повредени лица.

На терен е повикана и полиција која ќе треба да направи увид. По ова, ќе биде утврдено и како настанала несреќата.

Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде