





Повторно се случи знаме на држава на официјална средба да биде згрешено.




Протоколот во Министерството за надворешни работи во кабинетот на министерот Бујар Османи на официјалната тет-а-тет средба со неговата словенечка колешка и вицепремиерка во Владата на Словенија Тања Фајон постави знаменце на Словачка, наместо на Словенија.




Знае ли шефот на македонската дипломатија Османи како изгледа знамето на Словенија? Ако знаел можел да реагира доколку фрлил поглед кон поставените знамиња. Или, од почит, погледот не го симнал од соговорничката?




Во официјалното известување од средбата на Османи со Фајон не е испратена и фотографија од разговорите во кабинетот во МНР, туку од прес-конференцијата,




од покривот на зградата на МНР, како и една заедничка кога двајцата државници стојат пред големи знамиња. Но, од телевизиите кои направија инсерти од кабинетот, го „фативме“ знаменцето.




Ваквите грешки се сметаат за сериозен дипломатски инцидент, може да се нарече и гаф. Може да се нарече и со повеќе други зборови. А може и едноставно да се каже дека Македонија претрпе уште еден срам.




Дали Фајон му забележала на Османи дека таа не е вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Словачка, туку е на Словенија,




односно дали културно му забележала дека е направена забуна со знамињата, не знаеме. Можеби и нема да дознаеме.




