Ова се полицаецот и неговата сопруга од трагедијата која вчера го потресе цел регион

Ова се полицаецот и неговата сопруга од трагедијата која вчера го потресе цел регион

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА.

Полицаецот Ѓорѓе П.(28) ја убил сопругата Невена П.(20), а потоа се самоубил во стан во Грочка.

Убиството и самоубиството се случиле околу 17:20 часот во куќата на улица Космајска.

Како што пренесуваат српските медиуми, парот се венчал пред една година, а сопругата наводно го оставила пред две недели.

Ова е шок за мене, тој беше добро момче, немаше индикации дека ова ќе се случи – изјави еден сосед за Телеграф.рс.

Полицијата веднаш излегла на местото на настанот. Утврдено е дека полицаецот Ѓорѓе П., ја убил сопругата, а потоа се самоубил во станот, соопшти МУП.

Со проверката е утврдено дека немало пријави за семејно насилство.

Полицијата продолжува да работи на овој случај.

Полицаецот работел во полициската станица во Калуѓерица, а во МУП бил вработен и неговиот татко.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде