Oва е НАЈБОГАТИОТ Македонец: Вреди над милијарда евра и е помеѓу најбогатите во регионот

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА

Илија Гечев, сопственикот на компанијата „ИГМ трејд” од Кавадарци е милијарер (во евра), најбогат човек во Македонија,

тој е и меѓу најбогатите луѓе во регионот, односно е на 18-тото, (последно) место на регионалните милијардери.

На листата од 20 најбогати, со искличок на Гечев, сите тие високорангирани лица се од Србија и Хрватска.

Според српскиот весник „Недељник’, Гечев е единствениот милијардер во Македонија,

Весникот за новогодишниот двоброј состави листа на најбогати луѓе во регионот, на која се наоѓаат 100 бизнисмени и други богати луѓе.

Според редакцијата, богатството не е мерено според парите кои ги поседуваат (легално на сметките),

туку според вредноста на компаниите и проценката колку пари тие би вределе при евентуална продажба.

Бгоатството на Гечев е проценето на  1.054.946.440 евра. За најбогат, очекувано, прогласен е хрватскиот „крал на осигурувањето” Дубравко Гргиќ, со богатство од близу 3 милијарди, односно  2,84 милијарди евра.

„Недељник” заклучува дека поради долгата пандемија во регионот се „истопи“ капитал од околу 400 милијарди евра.

Листата е составена во соработка со медиуми од регионот, како и со поддшка од две њујоршки консултантски куќи.

Извор: МКД.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде