Ова е момчето кое пукаше и уби најмалку 8 деца во училиште во Белград

Ученикот Коста Кечмановиќ (14) денеска упаднал во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар и уби најмалку шест лица, а неколкумина се повредени.

Како што може да се види во училишната евиденција, Коста Кечмановиќ учествувал на многу училишни натпревари. Неколку пати учествувал на натпревари по математика и добивал пофалби.

Кецмановиќ лани го освоил и третото место на општинскиот натпревар по историја. Денеска крвавиот пир почна токму поради неговиот гнев кон наставничката по историја, чиј час утрово упадна и почна да пука.

Пукањето се случило околу осум часот, кога Коста упаднал во училиштето и почнал по случаен избор да пука.

Прво пукал во учениците и наставничката во кабинетот по историја, а потоа продолжил.

Пред училиштето „Владислав Рибникар“ има видно вознемирени деца, но и нивните родители.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде