„Ова е голема загуба за сите нас, изгубивме професионалец во сферата на образованието и науката“: Почина проф. д-р Марија Таковска

Економскиот Институт Скопје на својата Фејсбук страница сподели тажна вест која ви ја пренесуваме во целост:

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашата почитувана колешка и професорка ПРОФ. Д-Р МАРИЈА ТАКОВСКА (1973 – 2022), редовен професор во Економскиот Институт – Скопје, УКИМ, која неочекувано и прерано не напушти.

Економскиот Иститут изгуби професионалец во сферата на образованието и науката, кој ќе биде долго запаметен од колегите, соработниците, студентите и сите оние со кои градеше успешен однос на соработка.

Заминувањето на проф. д-р Марија Таковска претставува голема загуба за сите нас. Нејзиниот ведар дух, хумор и харизматичност ќе останат вечно во нашето сеќавање.

Посмртните останки на проф. д-р Марија Таковска ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Горно Лисиче на 18.10.2022 година (вторник) од 11:30 до 12:30 часот.

Од вработените на Економски институт – Скопје, УКИМ.

Пријатели, роднини и колеги се простија од професорката Марија Таковска:

Почивајте во мир драга професорке, прекрасна личност, сочуство до семејството!

Прекрасна личност и професор, благодарна сум што ја имав честа да учам од неа. Нека почива во мир.Искрено сочуство.

Многу тажно, почивај во мир драга професорке. Моето длабоко сочувство до семејството, напишаа пријателите на Таковска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде