Oхриѓани се грижеле за Британка па и украле над – МИЛИОН ДЕНАРИ!

Британска државјанка, која била со привремен престој во Охрид, е ограбувана од лице кое се грижело за неа.

Тој неовластено ја користел нејзината банкарската картичка, со којашто извршил повеќе трансакции во вредност од 1.700.000 денари.

– Тој, на 21.09.2022 неовластено ја употребил банкарската картичка сопственост на 86 – годишна жителка на Англија, со привремен престој во Охрид, за која се грижел и без нејзино знаење, извршил повеќе парични трансакции.

Со тоа пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.700.000 денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму велат дека СВР Охрид има поденесенокривична пријава против Н.С.Л.(41) со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Слична содржина

Мислеле дека е обична пукнатина на асфалтот, кога погледнале што има внатре веднаш викнале полиција

Работници за јавни работи во Флорида, откриле нешто несекојдневно: мал, клаустофобичен тунел кој води до банката Чејс, соопшти ФБИ.

Тие после пријава на граѓаните дека се појавила дупка на патопт излегле на терен да ја санираат. Меѓутоа, откриле дека дупката всушност е тунел од околу 445 метри, кој внатре имал кабли и генератор.

-Многу е мал и клаустофобичен – рекол агентот на ФБИ, Мајкл Левенрок, кој ја води истрагата.

Тунелот не води точно до банката, но ФБИ сега истражува можен обид за грабеж кој е можеби планиран. Засега никој не е уапсен.

-Целеле на банкоматот. Не гледам друга причина – рекол Левенрок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде