Од компанијата „Тила“ споделија видео од внатрешноста на објектот по пожарот кој ги зафати во петокот.
Како што може да се види од снимката, во просториите се е црно, распаднато и уништено.
Со сркшено срце од компанијата прашуваат „Зошто не можеше да се спречи пожарот кога започна само на покривот од зградата?!!!“
Од компанијата уште вчера информираа дека во пожарот изгореле се!
– Причините за пожарот за жал сеуште не се познати и се чека од страна на надлежните органи на утврдување на истите како и на процена на направената штета.
Во моментот на избивањето на пожарот фабриката не работеше и нема повредени – објавија на ФБ и се заблагодарија за поддршката.