





ОБЈАВЕНО ВИДЕО – МУЗИКАТА СВИРИ, ТИЕ СЕ ТЕПААТ: Масовна тепачка во кафуле на новогодишната ноќ во Нови Пазар




ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА КРАЈОТ ОД ТЕКСТОТ.




Новогодишната ноќ во кафеана во Нови Пазар заврши насилно – со масовна тепачка.




Од ПУ Нови Пазар, пак, наведуваат дека новогодишната ноќ поминала мирно, без поголеми инциденти и нарушување на јавниот ред и мир.




Меѓутоа, во кафеана лоцирана во една од централните улици во градот избила масовна тепачка.




Се уште нема информации дали има повредени, пишуваат локалните медиуми.




Како што може да се види на видеото, неколку мажи почнале да се тепаат во кафеаната, а потоа излегле надвор каде продолжиле.




Неколку лица се обиделе да ја прекинат тепачката, но безуспешно. Мажите меѓусебно се нападнале и паднале во обид да се оттргнат од оние што ги задржувале.




Целата ситуација погледнете ја на видеото во продолжение.



