Објавени фотографии: Погледнете како изгледаат yништени македонските тенкови во Украина

Руската армија уништи баталјон од украински војници кој беше опремен со македонски и словенечки тенкови, јави Спутник.

Станува збор за првиот механизиран баталјон на 28-та бригада на украинската армија кој дејствувал во правец на Криворож.

Имено, агенцијата Спутник дошла до снимка од уништени тенкови кои пристигнале до украинската армија од Македонија и Словенија заедно со тенковите Т-72 на НАТО.

На снимката се гледаат и единици на самоодни хаубици МТЛБ и борбени извидувачки возила БРДМ, исто така уништени.

„Риа Новости“ на социјалните мрежи објави видео од запалени тенкови, за кои како што соопшти руското министесртво за одбрана, украинската војска ги добила  од Македонија и Словенија заедно со тенковите Т-72 на НАТО. 

Руската војска продолжува да ја уништува украинската енергетска инфраструктура, а укрианскиот претседател се пожали дека досега 40 отсто од енергетската инфраструкута е уништена,

но се пофали дека на украинскаат војска одлично и оди со контраофанзивата во јужниот регион Херсон.  

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде