(Објавени фотографии) Ова се момчето и девојката кои загинаа трагично: Ја убил во салон за убавина, а потоа си пукал во глава

Мажот В.Р. (34) ја убил својата девојка И.Р. (26) a потоа се самоуби денеска во Нови Сад.

Како што неофицијално пренесуваат српските медиуми В.Р. имал забрана за доближување до девојката и му е одземено оружјето со дозвола!

Како што пренесуваат медиумите од соседството, убиството и самоубиството се случиле на улицата Јована Суботиќ во новосадски локал каде работела несреќната девојка.

В.Р. влегол во локалот околу 16 часот и 50 минути и пукал во девојка со која претходно бил во врска, а потоа си пукал во главата.

Двајцата починале на местото на пукањето за време на реанимацијата која ја извршиле лекарите од Итната помош – изјави извор на Информер запознаен со случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде