





Зголемувањето на платите во Министерството за финансии од 32 отсто е оправдано бидејќи ова министерство е столб на државата и чувар на нејзините пари, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи,




на денешната прес-конференција, запрашан за оправданоста на зголемувањето на платите во повеќе министерства кое е поголемо од инфлацијата во земјата.




Според буџетот за 2023 година планирано е зголемување на платите скоро во сите министерства. Најголемо зголемување од 32 отсто има во Министерството за финансии, за образование од 29 отсто, за одбрана од 15 отсто …




Со изгласување на закон за органско буџетирање, кој е во собрание на кој се работеше 4 години, вработените во Министерството за финансии и добиваат нов третман,




нова систематизација и нов начин на добивање пари. Ова министерство е столбот на државата. Тие се должни да креираат политики но и се чувари на парите на државата и мора соодветно да мотивираме луѓе за останат во ова министерство.




Тие заслужуваат многу поголеми плати. Ако ме прашувате дали ова зголемување е оправдано?




Велам да. Оправдано е и зголемувањето на платите и на вработените кај мене и во другите министерства.




Платите мора да бидат достоинствени и да одговараат на пазарот на труд – рече Битиќи.




Тој, како што рече, се залага за достоинствени плати на сите вработени.




Битиќи рече и дека став на владата е да го зголеми бројот на вработени во инспекциските служби,




а при вработувањето на нови административци покрај нови лица ќе се применува и хоризонтално поместување на кадарот кој е вишок во некои институции.




Според него, за неколку илјади лица е намален бројот на административци како резултат на пензионирање и заминување.



