





Нема да ви се верува, објавена листа: Погледнете кои се двајцата најбогати бизнисмени во Македонија




Изданието Недељник.рс викендов ја апдејтуваше проширената листа на најбогати бизнисмени од регионот.




Инаку рангирањето е составено од експерти од две реномирани консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза,




користејќи релевантни параметри од Stern School of Business New York University (и компаративните компании) и ги вклучија во анализата резултатите од пазарните трансакции во регионот и светот.




Во креирањето на списокот се вклучени и водечките медиуми во регионот: словенечкиот дневен весник Finance (и порталот Finance Manager), хрватскиот економски неделник Лидер,




босанскиот неделник Дани (Ослобоѓење) и реномирана медиумска куќа од Северна Македонија, која сакаше да остане анонимна.




Со оваа листа не сакаат да покажат колку пари располагаат во моментов овие бизнисмени. Она што го покажуваат е колку вредат нивните компании и колку пари би можеле да добијат ако, да речеме, денес се продаваат.




Откако пред два дена името на Илија Гечев се најде на 18-тото место на најбогати во регионов како единствен Македонец милијардер,




денеска беше објавена листата од 31-то до 40 место на најбогати од регионот, а во овој дел од рангирањето се најде Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на фармацевтскиот гигант АД Алкалоид од Скопје.




На 38.место на листата, неговото богатство се проценува на 651.330.000 евра.



